Непознати сторители ги нападнале демонстрантите од Шарената револуција кои денеска симболично ја преставија револуцијата со еден транспарент на скопскиот тркачки маратон.

13173200_1773446402874381_1252729740613849674_o-670x447

Нивната парола „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор“ некому предизвикала револт и нервоза па физички се пресметал со демонстрантите. Еден од нив е повреден и до крајот на денот од движењето „Протестирам“ се очекува да излезат со повеќе информации и фотографии за настанот.

Случајот е пријавен во полиција, а отворена е потрага по непознат сторител.

извор: Фокус

Слични содржини