Финансирањето на терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург е спроведено од страна на членовите на меѓународната терористичка група во Турција . Ова го соопшти судијата од Басманскиот суд во Москва Елена Ленска, пренесоа   руски медиуми.

Според материјалите за случајот Акрам Асимов во Турција лично добил финансиски средства за извршување на терористички напад. Тој исто така ја надгледува подготовката на лажни документи за членови на криминалната група и за непречено  преминување на границата , истакнаа од судот.

Акрам Асимов е поголем брат на наводниот организатор на атентатот Аброр Асимов.