Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим изјави дека напаѓачите пристигнале на аеродромот со такси и се самозрнеле откако отвориле оган. На прашањето дали четвртиот напаѓач побегнал, Јилдирим додаде дека властите немаат такви информации, но разговараат за секоја можност.

1467182016-111111

“Луѓето беа тешко ранети”, коментира американски државјанин, сведок на инцидентот, додавајќи: “Една од жртвите имаше буквално дупка во грбот од шрапнел или од стакло”.
Очевидец раскажува уште дека тој и другите почнале да бегаат кога нападот започнал, но конфузијата ги зафатила, откако експлозиите се слушнале од различна страна од истрелите .

Слични содржини