Напис на врата од ординација: 10 амбулантни заповеди

од Vladimir Zorba

Еден лекар во Босна и Херцеговина на оригинален и духовит начин им се обрати на пациентите кои некоректно се однесуваат со него.

1.Во оваа амбуланта ЈАС сум доктор, а ВИЕ пациент. Ако не ви се допаѓа, одете таму каде што е обратно

2. Амбулантата не е продавница за мешовите стока, ако беше, тогаш компјутерот ќе беше каса, јас би бил трговец, а мерачот за притисок би бил сталак за кондоми.

3. Ако веќе влегувате преку ред со коментар „ми треба само ова…“, тогаш тоа не вклучува и мерење притисок, рецепти за бабата, осип кои трае шест месеци, ама сега не се гледа итн.

4. Ако кажете дека сте дошле да имзерите притисок, тогаш измерете го, зошто го гњавите лекарот?! (Притисокот треба да ВИ се измери)

5. Чекалната не е место за дружење, туку за чекање, што може да се заклучи од името.

6. Сумамед не е препарат на база на мед.

7. Ако комшиката Мара ви препорачала таблети за реума, тогаш таа нека ви напише рецепт.

8. Ако после чукање на врата чуете „Само малку“, тоа не значи дека треба да продолжите да чукате потивко, тоа значи да продолжите да чекате .

9. Ако сте постари од 90 години, а имате мали проблеми со крцкање на коленото, тоа е нормално. Всушност не е нормално, требало одамна да ви крцка.

10. Кога после работното време нема да затекнете икого во амбулантата, не се нервирајте…. Почекајте. Ќе дојде некој, сигурно.

10 ambulantnih zapovesti

Публикувахте от Nebojša Kolarov в Петък, 10 август 2012 г.

Слични содржини