Наполи прв четвртфиналист во италијанскиот куп

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Наполи се први четвртфиналисти во „Копа Италија“ откако во осминафиналнето синоќа ја победи Специја со 3:1.

Противник на Наполи во четвртфиналето ќе биде подобриот од денешниот дуел меѓу Фиорентина и Киево (почеток 17:30 часот).

Вечер играат Јувентус – Аталанта (20:45).

Другите осминафинални двојки се:
Милан – Торино,
Интер – Болоња,
Лацио – Џенова,
Сасуоло – Чезена и
Рома – Сампдорија.

Слични содржини