Една од големите предности на Prada е дека знаат како да угодуваат на глуждот на своите најзаколнати приврзаници.76cea8b5bca76900fbfe323a3efcb9a0

Модната куќа истакна грандиозен успех со нејзините деби персонализирани услуги од минатата година и сега го повторува гестот кон француските клиенти.

Бутик на брендот на култната улица Rue du Faubourg Saint-Honoré ќе нуди од 28 март до 3-ти април можност за прилагодување на чевлите создадени целосно од клиентите.

Услугата нуди разновидност од вкупно 8 модели чевли кои се движат од стилски изглед до сандали и 6 височини, меѓу кои највисоката потпетица од 12 сантиметри.

Откако ќе ги селектирате по ваш избор моделот и потпетицата, можете да изберете помеѓу кожа со лак, сатен, крокодилска, змиска и кожа од ној за материјал од кој ќе бидат изработени.

Боите или принтовите, кои сте ги одбрале за вашите чевли, ќе бидат во комплет со истите шари и врз луксузната кутија во која ќе пристигне додатокот.

За да биде подарокот целосно личен, готовите чевли можат да бидат комплетирани со вашите сопствени иницијали поставени веднаш под логото на Prada.

Бидејќи најубавите нешта бараат време, откако ќе ги дизајнирате чевлите, од модната куќа ќе ги подготвуваат дури по месец.

 

Слични содржини