Направи сам: свеќници за „Ноќ на вештерките“

од Vladimir Zorba

Ноќта на вештерките се приближува. Дури и да не го земате сериозно овој празник, децата ќе сакаат да се забавуваат со страшни костими и се разбира, да направат декорација за денот. Затоа денес споделуваме една оригинална идеја за свеќници.122c6eb7bbfa70b1008a809702cbdf56

Ќе ви бидат потребни неколку тегли, боички за цртање и тематски лепенки со пајаци, тикви, пајажини. Боички и лепенки може да купите од книжарниците. Пред да почнете да ги украсувате треба добро да се исчистат теглите. Потоа нанесете ја бојата од внатрешната страна.

a9cf6e9d3c65a2e1fc218a4f288ce74a
Оставете ја да се исуши добро. Конечно ставете налепници од надворешната страна на теглите и ставете во секоја по една мала свечќичка. Убаво, нели? Идеја, со која ќе се забавувате заедно со децата, а и домот ќе стане поубав.

Слични содржини