150
Градот Џексонвил на северозапад на Флорида, издаде денеска наредба за итна евакуација бидејќи се очекува нивото на поплави поради ураганот Ирма дополнително да се зголеми поради надоаѓање на плима.
– Доколку сте во евакуациска зона долж реката Сент Џонс мора да заминете веднаш, објави на Фејсбук канцеларијата на шерифот на Џексонвил. Веќе е регистрирано историски високо ниво на поплави и властите предупредуваат дека ќе продолжи да се зголемува.
– Очекувајте 1,2 до 1,8 метри над нормалното плима ниво, се вели во соопштение. Во Џексонвил живеат околу 880.000 луѓе и тој град не беше на директниот пат на Ирма која ослабе на ниво на тропска бура и се движи кон север.