Наредните денови СЈО ќе поднесе обвинение за случајот „Транспортер“

од Vladimir Zorba

Специјалното јавно обвинителство најави дека во текот на наредните денови ќе поднесат обвинителен акт за предметот познат како „Транспортер“ во кој првоосомничен е градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Ова го соопшти специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи пред да ги образложи четирите нови истраги кои ги отвори СЈО за финансиски криминал.

Битолскиот градоначалник и уште 22 лица се осомничени дека го злоупотребиле буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт, со што според СЈО, Битола го плаќала најскапиот превоз во светот./24вести

Слични содржини