Народна банка ја намали основната каматна стапка од 3,75 на 3,5 проценти

од Vladimir Zorba

Народна банка ја намали каматната стапка на благајничките записи, како основна каматна стапка од 3,75 на 3,5 проценти.

Ова било одлучено на 10 јануари кога се одржала редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на која биле разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

По намалувањето во декември, ова е второ дополнително намалување за 0,25 процентни поени.

– Ваквата реакција на монетарната политика е одраз на понатамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти и на растот на структурната ликвидност на банкарскиот сектор – се вели во соопштението на Народна банка.

Каматната стапка на благајничките записи беше зголемена за 0,75 процентни поени, од 3,25 на 4 проценти на 4 мај, како реакција на Народна банка на зголемената побарувачка на девизи и на притисоците врз депозитната база на банките.

Народна банка и во текот на декември интервенира со откуп на девизи, шест месеци последователно, со релативно голем износ.

Според податоците во декември, има зголемување на штедењето на населението во банкарскиот систем./Meта

Слични содржини