NBRM
Народната банка на Република Македонија ја ревидира ставката на раст на БДП од 4,1 на 3,2 проценти за оваа година.

И покрај надолната ревизија на растот, Народната банка и понатаму очекува солидно закрепнување на економијата.

Проекциите, како што беше речено на денешната прес-конференција за растот на економијата во 2016 се 3,5 проценти и во 2017 година 4 проценти.

Новата проекција за 2015 година, како што наведуваат, е резултат на надворешното окружување особено по неповолното окружување за извоз на метали и повисоката неизвесност во домашната економија.

Новопроектираниот раст, според НБРМ, главно ќе произлегува од извозот и инвестициите, а дополнителен придонес ќе има и приватната потрошувачка.

Според НБРМ, има и надолна корекција на проекцијата на инфлацијата која се проценува на околу нула проценти во 2015 и 1,5 проценти во 2016 година. /MИА

Слични содржини