Каматните стапки на благајничките записи се зголемуваат од 3,24 % на 4 % со што се затегнува монетарната политика како одговор по зголемената побарувачка на девизи предизвикана поради нестабилната политичка состојба во земјава  – одлучи НБРМ. Банкарите во пресметка, дали ќе има зголемување на каматите на штедните влогови и кредитите ќе се знае за  десетина дена.

парии

“Одлуката за затегнување на монетарната политика е реакција на зголемената побарувачка на девизи и притисоците врз депозитната база на банките, коишто во целост се последица на влошените очекувања на економските субјекти, предизвикани од нестабилната политичка состојба во земјата. Со тоа, промената на каматната стапка е одговор на делувањето на фактори од неекономска природа”, велат од НБРМ.

Поранешниот гувернер Петар Гошев  за 24 Вести ,вели дека одлуката е очекувана и треба да го стабилизира  девизниот пазар. Сигналот кој НБРМ го праќа кон банкте   треба да влијае врз каматните стапки на кредитите, но дали тоа ќе се случи останува секоја деловна банка да одлучи вели Гошев.

Менаџери од дел од водечките банки за 24 вести велат дека во следнава недела ќе се аналзираат банкарските продукти по што ќе се донесе одлука дали ќе има корекција врз каматите на кредитите и штедните влогови.

“ Рано е да се каже за ефектите. Одлуката на НБРМ е очекувана, по вештачки созададената паника поради која се регистрра зголемување на побарувачката на девизи. Овој чекор е  во насока за враќање во нормала на понудата и побарувачката на девизи. Можно е да има влјание врз активата и пасивата. Но треба да се почека“  вели банакр од раководство на една од деловните банки.

За 24 Вести менаџери на други банки коментираат дека одлуката ќе има влијане, но не треба да значи дека по автоматизам ќе се зголемат каматите на кредитите .

134138

“ По автоматизам не очекуваме да се прелее ефектот и да се зголемат каматините стапки на кредитите. Во периодот што претстои ќе извршиме детална анлза на банкарските продукти, по што ќе се донесеме одлука“ велат банакрите.

повеќе тука

Слични содржини