Жителите на градот Сан-Хуан Чамула во мексиканската држава Чиапас го застрелале градоначалникот на градот, откако тој одбил да ги извршува своите обврски и да ги спроведува ветувањата, поради кои тие го избрале – соопшти на прес-конференција генералниот секретар на владата на државата Хуан Гомез Аранда. Инцидентот се случил во саботата попладне, пред општината во центарот на градот, каде што се собрала многубројна толпа граѓани кои инсистирале Квета Доминго Лопез Гонзалес да одвои повеќе пари за урбанизам на градот и поддршка на локалните занаетчии – како што ветил за време на изборната кампања.

1469366994-federal-police-mexico

Градоначалникот изјавил пред насобраните дека нема пари и не може да ги задоволи нивните барања, по што наредил на сите да се разотидат, инаку ќе испрати полиција. Во овој момент од толпата се слушнале истрели и градоначалникот паднал умрен. Потоа толпата го одвлекла трупот на градоначалникот до центарот и го оставила таму.
Покрај градоначалникот убиени се и двајцата негови советници, директорот на општинската администрација, а исто така и еден државјанин. Вкупно при пукањето повредени се 12 лица.

Потоа во гратчето настанале нереди, жителите направиле барикади за да се бранат против пристигнатите полициски единици.

Почнале преговори и по четири часа разговори полицијата презеде контролата над ситуацијата и потоа ситуацијата се нормализира. Но не е познато кој пукал, нема уапсени за убиството на градоначалникот. Истрагата продолжува.

Како што пишува весникот El Financiero, во август 2015 година претставници на над 30 општини од државата Чиапас инсистираа пред владата да одвои 100 милиони пезоси од федералните и регионални резерви за изградба на патишта и куќи, а исто така и за завршување на значајни проекти, кои долги години стојат недовршени. Владата вети дека ќе ги направи овие барања приоритетни, но досега така и не презела ништо.

Слични содржини