НАСА ги усовршува методите за набљудување и проучување на кометите

од Vladimir Zorba

timthumb-5

По двегодишното експериментално облетување околу кометата „67-П“, леталото „Розета“, кое е опремено со ултравиолетов спектрограф наречен „Алис“, ја заврши својата мисија, спроведена од страна на НАСА.

– „Алис“ одлично ја заврши својата работа, обезбедувајќи ни нам, на експертите за комети, злато вредни информации, изјави д-р Алан Стерн, главен истражувач во проектот на Југозападниот истржувачи институт (СВРИ) и потпретседател на Вселенската научно-инженерска дивизија (ССЕД).

Спектрографот испрати снимки во висока резолуција до Институтот, направени со помош на ултравиолетови зраци. Тие податоци би требало на научниците да им овозможат прецизно да го одредат потеклото, составот и други својства на кометата и нејзината атмосфера.

Освен „Алис“, СВРИ конструираше уште еден инструмент кој потоа беше вграден во вселенското летало „Розета“. Јонско-електронскиот спектрограф (ИЕС), управуван од д-р Џим Бурч, служи за прибирање податоци за соодносот меѓу кометата и соларните честици, околу својствата, но и негативните појави кои можат да се очекуваат.

– Мисијата „Розета“ отвори „скапоцен прозорец“ во научните иcтражувања во областа на кометите и нивните одлики, истакна д-р Џоел Паркер, еден од замениците на Стерн.

Слични содржини