Насилниците од 27 ми април ја признаа вината – тепале пратеници и новинари

од Vladimir Zorba

Финансиската, здравствената, како и семејната состојба ги спаси од затвор, деветтемина обвинети за насилствата во Собранието. Пред судот тие го признаа делото, а нивните адвокати побараа што е можно поблаги казни со оглед на околностите. Тоа беше доволно за судијката Милка Ангеловска Васовска да им изрече условни казни, информира ТВ24.

На првообвинетиот му се заканува казна затвор од година и шест месеци доколку го повтори делото во следните пет години, а останатите осуммина ќе добијат затвор во траење од шест месеци, ако во следните година ипол го сторат истото дело. По изрекување на пресудата, тие задоволни го напуштија судот, каде „Тврдокорните“ ги пречекаа со аплаузи и овации.

Најголемиот дел од полицајците и собраниското обезбедување, кои вечерта на 27 април биле нападнати и биле сведоци на настанот, првично нив се изјаснија дека бараат да им биде исплатена оштета, но подоцна се премислија. Само четворица од вкупно дваесетмина, на крај одлучија обвинетите кривично да се гонат во нивно име и побараа и оштета. Ваквиот потег го поздрави одбраната и рече дека тоа имало удел во конечната пресуда.

„Се отакажаа од штетата и кривичниот прогон, тоа беше во прилог на обвинетите како олеснителна околност.“ – изјави адвокатот Валентина Тодоровска.

„Испаднаа фер луѓето, си ја признаа вината и затоа добија условна.“ – изјави адвокатот Владо Кокулевски.

Протестот за поддршка на деветтемина, сега веќе осудени, за спречување на службено лице при службена должност, започна пред самото рочиште. Организатори беа патриотските здруженија во кои членуваат дел од насилниците. Со транспаренти и патриотски песни, три часа, додека траеше судењето ги бодреа.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека во врска со крвавиот упад во Собранието, извршиле претрес во домот на едно лице осомничено за насилствата, а на распит биле уште четири лица, за кои во консултација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни известувања или пријави.

Слични содржини