download

Наставнички пленум својата прва работна средба ја одржа во Слободната студентска зона на Техничкиот факултет, сакајќи да ја подржи нивната праведна, легитимна и над се света борба за студирање без ограничувања, без небулозниот Закон за високото образование што го предлага МОН на Македонија.

Наставнички пленум сака да укаже на притисоците на кои се изложени нашите идни академски граѓани, бидејќи иднината тоа се тие, а сакаше и да го сподели студот со нив. Откако трае и под тешки услови опстојува Слободната зона, студентите живеат во крајно нехумани услови изложени на студ и буквално се смрзнуваат, особено во енормно студените битолски ноќи.

Еве ја хрониката на една, споед Наставнички пленум, не само нехумана постапка кон тие за кои постојат, туку сурова и криминогена.

На почетокот кога студентите го формираа Студентскиот пленум и кога требаше да донесат одлука дали ќе ја го окупираат универзитетот, а со тоа да го ослободат, деканката на Биотекничкиот факултет им ја заклучи вратата. Студентскиот пленум заседаваше од нога, без столчиња, во холот на Домот на културата Битола.

Студентите живеат во Слободната зона на техничкиот факултет весели но смрзнати веќе неколку студени ноќи. Деканот им го исклучува парното после 15 часот. Тие секоја приквечер упатуваат апел до граѓаните да донираат ќебиња и грејни тела. Грејни тела стигнуваат, но не можат да се употребат бидејќи паѓаат белите бушони. Парното коштало од 300 до 500 евра месечно и тоа е цената на здравјето на студентите. Ректорот и деканот дозволиле греење на електрична енергија која не може да ја издржи потрошувачката.

Наставнички пленум се прашува како размислуваат ректорот и деканите. Како размислуват и дали размислуваат, особено деканот на Техничкиот факултет, кога дозволуваат студентите да си донесат греалици на струја, кои не можат да бидат во функција, постои опасност да се предизвика пожар. Дали можеби се определиле за „поевтината“ варијанта, да се изложи на ризик здравјето на студентите па и нивните животие, да се изложи на ризик и зградата на факултетот. Наспроти животите, мора да признаеме и таа варијанта е поевтина. Навистина треба да се определат за што се. Граѓаните, студентите и нивните родители треба да знаат и да преземат соодветни чекори. Патем, градоначалникот на една партија се појавува на кафе на Широк сокак. Тој дали живее во Битола ??? !!!

Затоа, Наставнички пленум ќе преноќи со студентите во Слободната зона, со надеж дека со својата топлина и љубов ќе ги згрее. Недвојбено, Наставнички пленум ќе им ја пружи целосната можна подршка. #Поздрав Пленумци.

 

Интегрален текст од отворено писмо на НП

Слични содржини