National Interest: ИД имаа секојдневна обука цели 15 год., САД треба да се подготват за најлошото во битката за Мосул

од desk3

САД и силите од коалицијата треба да побрзаат со спроведување на операцијата во Мосул, инаку терористите можат да го раскинат овој сојуз на парчиња, пишува американскиот полковник во пензија Дениел Дејвис во публикација за The National Interest.Вистинската битка против ИД уште не е започната, а ирачкиот премиер Хајдер ал-Абад и мнозинството американски политичари веќе официјално велат дека кампањата ќе заврши со победа и планираат понатамошни дејства. Всушност разговорите за успехот се прерани, е уверен авторот.

20161026-bgqwwxsvdt

Во сегашната ситуација за САД и ирачките власти многу мудро би било да размислуваат за резервен план во случај ако битката се затегне или коалицијата почне да се распаѓа. ИД ќе вложи максимални напори за да ги заштити своите позиции во Мосул и да се обложи на противречностите во водената од Американците алијанса.

Често членовите на ИД се претставувани како “тапи силеџии”, но во реалноста тие умеат да ги планираат своите операции не само тактички, туку и стратешки. За 15 година нестабилност во Авганистан, Ирак и Сирија терористите добија огромно искуство во спротивставувањето на владините трупи и станаа “експерти во диверзии и борби во градски услови”, се вели во публикацијата.

Силите на коалицијата одлучија дека за екстремистите операцијата во Мосул ќе биде битка не на живот, туку на смрт, и ако терористите изгубат, тогаш и самата ИД ќе биде уништена. Оваа претпоставка сепак од страна на САД не е безбедна.

Во реалноста ситуацијата за терористите може да не е така очајна, како што изгледа. Очигледно е дека членовите на ИД не може да го одбранат целиот град. Нема сепак никакви сомнежи дека за последните месеци тие се “подготвени за одлучувачката битка”. Веројатно екстремистите ќе отстапуваат додека ги заземаат своите главни одбранбени позиции. Не е исклучено дека ИД уште сега е подготвена да загуби пример 75% од своите сили во Мосул, но да не ги отстапува позициите и да нанесе на опседнатиот градот максимални загуби, расудува Дејвис.

Сега во коалицијата влегуваат групи, меѓу кои нема ниту доверба, ни утврдени комуникации. На позадината на можните загуби, нанесени од терористите, и затегнатата кампања различните групи ирачки сунити можат да почнат да дејствуваат независно од Багдад или, уште полошо, воопшто да почнат да војуваат против другите членови на коалицијата, дава конкретни примери авторот.

“Колку подолго се задржи ИД и колку поголеми загуби нанесе на коалицијата, толку поверојатно религиозните и политички разлики меѓу ослободителните сили ќе се пројавуваат се посилно” – пишува Дејвис.

Не може да се исклучи позитивен исход на битката за Мосул, сепак САД прават огромна грешк со погрешни проценки за ИД и очекуваат само успех, е убеден авторот на публикацијата.

Слични содржини