Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја изрази својата загриженост во врска со информациите за военото присуство на Русија во Сирија.

jens-stoltenberg-nato-2-540x304
– Загрижен сум од пораките за враќањето на военото присуство на Русија во Сирија. Тоа нема да придонесе за решавање на конфликтот, изјави генералниот секретар на Алијансата.
Државниот секретар на САД, Џон Кери исто така го покрена прашањето во телефонскиот разговор со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, кој ги отфрли сомневањата за испорака на руско оружје во Сирија и проширување на руското воено присуство.
Во Сирија се наоѓаат руски воени специјалисти кои ги обучуваат Сиријците – ова е официјалната верзија на руското Министерство за надворешни работи.
– Ние не ги нарушуваме ниту билатералните аранжмани, ниту меѓународното право. Ние сме суверена држава, која има полно право да излегува на друга држава во пресрет во борбата против меѓународниот тероризам”, изјави за агенцијата портпаролот на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Слични содржини