НАТО-форум за безбедност во Охрид

од Vladimir Zorba

ohrid-hotel-granit

Во организација на Маршал-центарот за Република Македонија, од денеска до 30 август, во охридскиот хотел „Гранит“, се одржува Форум за безбедност на тема „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: Импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“.

Форумот се одржува четврта година по ред, во партнерство со Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ К. Маршал“ од Германија и со поддршка на Одделот за јавна дипломатија на НАТО и на Одбранбениот колеџ на НАТО од Рим.

На форумот ќе говорат истакнати професори, аналитичари и експерти, меѓу кои проф. д-р Џим Шерока од САД, поранешниот пратеник во Европскиот парламент, Ханс Свобода, како и Горазд Бартол, шеф на мисијата на НАТО во Скопје./Meта

Слични содржини