НАТО ја поздрави одлуката на Иванов да му го даде мандатот на Заев

од desk3

„Ова е чекор во вистинската насока и нешто што е правилно направено. Охрабрувам бргу да се формира новата влада, навремено да се изгласа во Собранието и конструктивно да се однесуваат сите партии. Тоа е важно за земјата да почне да се фокусира на реформите, кои ѝ се итно потребни. Апелирам да се продолжи со напорите за унапредување на евроатлантските аспирации на земјата“.

141124b-011

Ова стои во пишаната изјава на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, поздравувајќи ја одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за да формира влада.

Слични содржини