НАТО: КФОР ќе остане во Косово додека тоа биде потребно

од Vladimir Zorba

  Меѓународните сили КФОР ќе останат во Косово се додека тоа биде потребно, изјави денеска командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Кертис Скапароти. 

Скапароти, кој од вчера престојува во Белград на средби со претставници на српскиот државен врв посветени на соработката меѓу НАТО и Србија, оцени дека „евенталната промена на статусот на КФОР ќе зависи од условите на теренот“.

– КФОР ќе продолжи со својата мисија на гарант на слободата на движење и обезбедување сигурно опкружување во Косово се додека тоа биде потребно, нагласи Скапароти.

Тој изјави и дека НАТО е загрижен поради идејата за трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово, без промена на важечкиот косовски Устав.

– НАТО е загрижен поради предлогот Косовските безбедносни сили да се трансформираат во Војска на Косово без промена на Уставот, но ја поздравува подготвеноста на сите заедници што живеат таму за вклучување во дебатата за иднината на овие сили, потенцира американскиот генерал.

Слични содржини