НАТО распореди околу 1.500 војници во Холандија и Чешка за прва вежба на новите сили за брза реакција , соопштува “Франс прес”.256x183

Околу 900 Германци, 200 Холанѓани и 150 Чеси, вчера  ја почнаа  вежбата во Холандија  , прецизираа од командата на НАТО во Неапол.
Вежбата ќе трае и денеска . Создавањето на новите сили за многу брза реакција беше одлучено на самитот на НАТО во Велс во септември 2014 годинасо цел засилување на источниот крило на Алијансата заради амбициите на Москва .

Целта е да се провери дали војниците од овие сили се во борбена готовност со целата опрема, возила и резерви за 48 часа .

Сценариото на вежбата е со седиште во балтичките земји. Можете сами да замислите контекст “, рече чешки генерал, алудирајќи на улогата на Русија во конфликтот во Украина.

Анексија на Крим од Русија пред година  веќе мактивира тревоги во редица централноевропски земји кои станаа членки на НАТО по крајот на Студената војна, и особено во балтичките републики кои биле окупирани од Советскиот Сојуз речиси 50 години.

Слични содржини