НАТО: Западен Балкан е регион од стратешко значење за цела Европа

од Vladimir Zorba

Регионот на Западен Балкан има стратешко значење за НАТО , кое ај  опфаќа цела Европа.

Ова го изјави во интервјуз, аменик-помошник генералниот секретар на НАТО за спроведување на операции Џон Манза . “Западен Балкан е регион од стратешко значење за НАТО.

Стабилноста и безбедноста во овој регион придонесуваат општо за стабилноста и безбедноста во Европа. НАТО ќе го задржи своето присуство, својот фокус и посветеност спрема Западен Балкан и ќе ги поддржува евроатлантските аспирации на земјите во регионот “, изјави Манза.

Тој додаде и дека за регионалната соработка и безбедноста од суштинско значење се фактори како владеење на правото, реформите, добрососедските односи. Во оваа врска Манза изјави дека и членството на Црна Гора во Алијансата ќе помогне за постигнување на таа безбедност, исто како и другите земји членки од регионот. “Стабилен Балкан р  целосно   наш интерес. Вратата на НАТО останува отворена за европските земји, способни да  ги преземаат обврските и обврските од членството и придонесуваат за безбедноста на евроатлантската зона.

Манза, кој вчера беше во официјална посета на Приштина, изјави во однос на Косово, дека благодарение на силите на Алијансата во земјата (КФОР) таа се претворила во едно побезбедно место. “Во последните 18 години КФОР помага за претворање на Косово во едно побезбедно место. Со оглед на тероризмот, еден стабилен Балкан се важни за да се избори заканата од странските борци. Во меѓувреме, процесот на нормализација меѓу Приштина и Белград продолжува и НАТО целосно  да го поддржува олеснува  ЕУ дијалогот “, рече тој. “Денес КФОР со своите 4200 војници  се смета од сојузниците и партнерите како важен гарант за стабилноста не само на Косово, туку и на целиот Западен регион”, додаде Манза.

Според него интеракцијата помеѓу НАТО и Косово ќе се одвива и во форма на проширена соработка што може да вклучува евенуални практични вежби со Силите за безбедност, како и размена на искуства во управувањето, сајбер безбедноста и дипломатијата.

Слични содржини