Натпреварот Албанија-Израел ќе го обезбедуваат две илјади полицајци

од Vladimir Zorba

Над две илјади полициски службеници, припадници на специјалната полициска единица „Ренеа“ и единицата за брза интервенција ќе се грижат за безбедноста на вечерашниот фудбалски натпревар Албанија-Израел.

132657891

Силните безбедносни мерки почнаа да се применуваат уште од четвртокот навечер, кога на аеродромот во Тирана пристигнаа израелските фудбалери.

Наместо со автобус, како што беше предвидено тие до хотелот „Плажа“ во центарот на Тирана пристигнале со посебни комби возила, а двата автобуса, по соопштената маршрута се движеле празни.

За безбедноста на израелската делегација во хотелот освен полицијата се грижат и припадниците на Нациналната града на Албанија.

– Навивачите при влезот во стадион ќе подлежат на строга контрола, нема да се дозволи внесување на метални монети, клучеви, петарди, знамиња поставени на стап, шишиња со вода затворени со тапа, чадори, туку само пласична прекривка во случај на дожд. Не се дозволува внесување на пароли со растистичка и политичка содржина, јави тиранската телвиија Топ чанел.

Според истиот извор, осум часови пред натпреварот сите паркинзи и деловни објекти околу стадионот во Елбасан треба да бидат празни, односно затворени.

Првично натпреравот требаше да се одригра на стадионот во северниот грд Скадар, но по апсењето на џихадистите, а кои постои сомение дека планирале тероритсички напад врз израелските фудбалери, одлучено е истиот да се одригра на стадионот во Елбасан..

Слични содржини