Вселенски борби, беспилотни подморници и системи со вештачка интелигенција, кои им помaгат на командантите да преземаат светкавично брзи одлуки – тоа звучи како научна фантастика, но воените сили напорно работат за да ги претворат во реалност, пишува Live Science, цитиран.

Агенцијата за врвни истражувачки проекти во одбрана на Пентагон (DARPA) инвестира милиони долари во проекти со цел создавање на такви технологии. Заедно со тоа се развиваат ракети за повеќекратно истрелување и борбени машини, посочуваат од Агенцијата.

Image_5298623_126

Досега САД се зацрвстувањето против големи, монолитни непријатели (како Советскиот Сојуз за време на Студената војна) или непријателски држави, вели Стив Вокер, заменик-директор на DARPA. Сега сепак САД треба се справи со повеќе брзо менување и меѓусебни закани – од традиционално непријателски држави до криминални организации и терористички мрежи. Борбата со нив бара нешто повеќе од скапи воени системи, кои се развиваат и конструираат бавно. DARPA се залага и за технологии кои ќе го направат војувањето поевтино и флексибилно. Клучна улога во оваа насока има роботиката и интеракцијата меѓу луѓето и машините.

Агенцијата финансира, на пример, разработката на футуристички, релативно евтин вселенски авион наречен XS-1. Тој ќе се издига на суб-орбитална висина, носејќи се со суперсонична брзина, за да изведува во орбитата флотила од мини сателити.

Друг проект предвидува формирање на беспилотен борбен брод кој ќе следи тивките дизел подморници. Првиот прототип наречен Sea Hunter, е со должина 40 метри. Тој беше ослободен на вода за првпат претходно овој месец, а во месец април претстои да биде именуван.

US-професор: Минхенските пророштва на Путин од пред 9 години, се остварија

Се работи и на технологија која ќе интегрира компјутерски систем, базиран на вештачка интелигенција во пилотската кабина на авионите. Идејата е вештачкиот интелект да му ги саботира на непријателот комуникациските мрежи.

Употребата на вештачка интелигенција за анализа на динамичко менување на информации во идните вселенски борби е предмет на друга, неодамна предложена истражувачка програма. По анализата на податоците системите со вештачка интелигенција ќе понудат две или три можни сценарија на командантот, кој ќе го забрза процесот на донесување одлуки. “Човекот не треба да е преоптоварен со информации, треба да му се обезбеди само она од што има потреба, за да донесе одлука”, вели Вокер.

Слични содржини