Астрофизичари од САД, Велика Британија и Израел открија необичен систем во кој екстрасоларните планети се екстремно блиску до својата ѕвезда, соопшти Лента.

Пет екстрасоларни планети кружат околу ѕвездата Kepler-80 со орбиталниот период 1, 3, 4, 7 и 9 земни деноноќија. Сите тие се наоѓаат 150 пати поблиску до својата ѕвезда во споредба со растојанието помеѓу Земјата и Сонцето. Освен тоа се исклучително блиску една до друга.

sistem

Четирите надворешните планети се 4-6 пати помасивни од Земјата, а најблиските до Kepler-80 небесни тела се речиси два пати поголеми од останатите и се со огромни водородни-хелиумски атмосфери.

Четирите надворешните планети се во орбитална резонанца една со друга. Секоја од нив се враќа во првобитната позиција на секои 27 дена.

Системот Kepler-80 се наоѓа на растојание 1100 светлосни години од Земјата, во соѕвездието Лебед. Ѕвездата е портокалово џуџе што е со 1,5 пати помали димензии од оние на Сонцето.
Екстрасоларните планети беа откриени во 2012 година со помош на вселенскиот телескоп “Кеплер”. Сега научниците го потврдија необичен карактер на системот и го прецизираа орбиталните н карактеристики.

Резултатите од истражувањето се објавени во Astronomical Journal.

Слични содржини