Еве уште една причина да ги оставиме настрана безалкохолните пијалоци и да си сипеме чаша вода.b59111c4f60e1ad95577232a4194414b

Според податоците на проучување од јуни 2016 година, објавени во годишник по семејна медицина (Annals of Family Medicine), доброто хидрирање е од исклучително значење за нашето тело.Содржината на вода се поврзува директно со телесниот индекс на масти. Според научниците тежината е директно поврзана со тоа колку вода пиеме.

Д-р Чанг од Универзитетот во Мичиген и тимо ги истражувале телата на 9500 возрасни и зеле примероци од отпадните течности, за да ги дефинираат нивните индивидуални нивоа на хидратација. А резултатите не се задоцнети.”Откривме дека луѓето чии тела се редовно обезводнени, имаат проблеми со тежината”, раскажува д-р Чанг.

Медицинска студија открива како не пиењето вода предизвикува собирање на повеќе телесни масти. Кај овие луѓе веројатноста за дебелеење е за до 1,6 пати повисока.

Постојат неколку објаснувања за ова прашање. Првото е дека пиењето вода нè тера да мислиме дека сме сити.

“Пациентите кои во текот на 7 месеци пиеле вода пред оброк, наместо да накачат тежина, симнале”, раскажува Ерик Рим од Харвард Школата за јавно здравство. Експертот е категоричен дека за симнувањето на тежината е потребна вода.

Следува второто објаснување за акумулацијата на килограми. Кога ќе ја избереме водата пред безалкохолните пијалоци со додаден шеќер, намалуваме внесување калорични хранливи материи, а со тоа накачените килограми зависат исклучиво од видот на потрошувачката на храна.

Истражување објавено порано во текот на годината, открива како оние кои пијат по седум чаши вода на ден, голтаат до 205 калории помалку од луѓето кои пијат само по четири чаши на ден.

Постои директна врска помеѓу пиењето на вода и качувањето на килограми. “Сè е поврзано со водата”, категорична е д-р Чанг. Но конзумирањето на вода не ги исцрпува мерките за прашањето за хидратацијата. “Потребното количество вода за вашиот организам зависи од многу фактори, меѓу кои колку активен е начинот на живот и во каква климатска зона живеете”, раскажува Медика.

Слични содржини