Научници: Умирањето е повесело од што мислите

од desk2

Психолозите сметаат дека умирањето е многу попозитивно искуство отколку што повеќето луѓе мислат.


Според последното истражување на YouGov, 68 отсто од луѓето во Велика Британија се плаши од смрт, но едно истраѓување малку подоцна покажа се всушност умирањето е повесело од што може да се замисли.

Истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина анализирале блогови кои ги пишувале смртно болни пациенти во последните фази пред смртта.

Емоциите кои ги опишуваат не биле тешкотија, осаменост или некоја друга негативна емоција, туку исполнетост, смисла и поврзаност со блиските личности.

Студијата, објавена во магазинот „Psychological Science” ги споредила вистинските зборови на луѓето пред смрт, со оние кои доброволци ги зборувале кога од нив било побарано да замислат како би се чувствувале ако им кажат дека им останува уште неколку месеци живот.

Испаднало дека колку што е смртта поблиску, зборовите кои ги изговарале луѓето пред умирање биле емоционално попозитивни и се поисполнети со теми како семејство и вера.

Се заклучило дека луѓето имаат многу голема моќ на прилагодување на новонастанатите ситуации (и физички и емоционално), такашто нормално продолжуваат со својот секојдневен живот, неврзано за тоа дали умираат или не.
„Во нашата фантазија умирањето е осамено и бесмислено, но последните постови на блоговите покажуваат дека последните мисли на оние кои умираат се исполнети со љубов и поврзаност со светот“, вели доктор Курт Греј кој соработувал на истражувањето.

Слични содржини