Научниците докажаа дека човекот е суров по природа

од desk3

Научниците се обидоа да најдат одговор на прашањето дали луѓето по природа се сурови или општеството станало причина за суровоста , пренесе Франс прес. Научниците се заинтересувале од суровоста меѓу претставниците на ист вид. “Големиот лош волк” секогаш се прикажува во негативно светло. Тој, сепак, ретко е агресивен кон претставниците на ист вид. Тоа не важи за човекот.

1475240319-vfv

 

Потеклото на човечката агресивност одамна е ставена на расправа од филозофи, социолози и психолози. Има две основни тези. Некои како англискиот филозоф Томас Хобс се на мислење дека човекот по природа е како волк за себеподобните. Природни чувства на човекот го туркаат кон суровост спрема својот род, а општеството има за цел да се дојде до помирување. Други ја заштитуваат тезата на Жан-Жак Русо, според која човекот по природа е добар, но општеството е во основата на нееднаквости кои можат да предизвикаат насилство.

Сега шпански научници го разгледале прашањето од друг агол – преку еволуцијата на видовите. Ги тестирале причините за смртта на 4 милиони цицачи од 1024 видови и на околу 600 лица, и било утврдено процентот сооднос на смртните случаи предизвикани од својот род.

Резултатите покажале дека кај прародителот на сите цицачи едвај 0,3 отсто од смртните случаи се предизвикани од својот род. Со оддалечувањето од вкупниот предок на цицачите процентот сооднос расте за да достигне 1,1 отсто при вкупниот предок на приматите, глодари и зајаците и 2,3 отсто при прародителот на приматите и полските глувци.

Кога човекот се одделил од другите примати, тоа било 2 отсто, односно 6 пати поголемо во споредба со просекот за цицачите. Овој вид насилство практично е непознат кај некои животни, како што се лилјаците и китовите.

Научниците заклучиле дека насилството кон својот род е карактеристичен за приматите. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието “Нејчр”.

Слични содржини