Научниците го „запалија“ најголемото вештачко сонце на Земјата

од Vladimir Zorba

Германските научници го “вклучија” најголемото вештачко сонце на Земјата, надевајќи се тоа дека ќе помогне за создавање на еколошко гориво, пишува британскиот весник “Гардијан”. Експерименталниот објект наречен Synlight, се наоѓа во градот Јулих, на 30 километри од Келн. Тоа претставува 149 поврзани филмски проектори кои можат да генерираат светлина до 10 000 пати поинтензивно од онаа на Сонцето, која достигнува до нашата Земја.

Кога вниманието ќе се концентрира на едно конкретно место, температурата, која ќе се создаде може да достигне до 3.500 степени Целзиусови – два до три пати температурата на индустриска експлозивна печка.

“Ако влезете во собата кога е вклучена, ќе изгорите веднаш”, изјави проф. Бернард Хофшмид, директор на Германскиот вселенски центар, каде се наоѓа педалот.

Целта на експериментот е да се постигнат оптимални услови за концентрирање на природна сончева светлина која ќе покрене реакција по производството на водородно гориво. Централите со сончева светлина кои користат огледала, за да фокусираат сончева светлина, веќе се широко распространети.

Тие дејствуваат со тоа што топлината на сонцето се насочува кон вода, за создавање на пареа, која управува турбини,  кои создаваат електрична енергија.

“Сончевата светлина” ја разгледува можноста ваква шема да работи и за создавање на реакција за отцепувањето на водород од водена пареа, кој потоа се користи како гориво за летала и автомобили. Парадоксално, во моментов Synlight користи голема количина електрична енергија – четири часа работа трошат струја како четиричлено домаќинство за година.

Слични содржини