Научниците открија нов ветувачки метод за лекување на мигрена

од Vladimir Zorba

Магнетен уред може да се користи за лекување на некои видови мигрена, информираа ВВС. Иако засега доказниот материјал се уште е ограничен, магнетната стимулација на черепот дава позитивни резултати кај некои пациенти.

При оваа терапија до черепот се става пренослив уред кој емитува краток магнетен пулс. Во испитувањата на 164 пациенти терапијата помогнала на околу 40 проценти од нив, кои тврдат дека до 2 часа по употребата на уредот болката поминува.

Според Националниот институт за здравство, постапката е релативно нова и сè уште се потребни информации за неговата ефикасност и долготрајното влијание врз телото.

Сепак, магнетната терапија може да ги ублажи симптомите кај пациенти чии други методи на лекување не помогнале. Мигрената е честа болест во Велика Британија кај 1 од секои 4 жени и 1 од 12 мажи, кои страдаат од неа. Досега не постои посебен третман, а институтот препорачува различни пристапи, вклучувајќи акупунктура.

Слични содржини