Научниците подобрија природен ензим што може да разложи пластика

од desk2

 

Британски научници успеаја да подобрат природен ензим кој може да разложи пластика.


PET е цврста пластика која обично се користи за производство на шишиња за кои е потребно години да се разложат во рпиродата. Модифицираниот ензим PETase може да го почне разложувањето на тој материјал за неколку дена.Тој ензим може да претставува револуција во процесот на рециклажа и да овозможи поефикасно повторно користење на пластиката.

Само во Велика Британија годишно се искористуваат 13 милијарди пластични шишиња, а повече од три милијарди не се рециклираат.

Ензимот првобитно е откриен во Јапонија, а го создава бактеријата која „јаде“ PET. Тоа е Ideonella sakaiensis, бактерија која ја користи пластиката како најголем извор на енергија.Научниците во 2016 година соопштија дека пронашле бактерија која живеела во седименти на колации за рециклажа, која се наоѓа во приморскит прад Сакаио.

„PET во последните 50 години е присутен во огромни количини, па така тоа не е голем период за бактеријата да еволуира и да јаде нешто што произвел човекот“, изјави професорот ЏОн Мекгинхан, кој учествувал во актуелно истражување.

Полиестерите, гпрупа пласитки кои припаѓаат на PET, исто така се наоѓаат во природата.

„Тие ги штитат лисјата на билките. Бактеријата еволуирала милиони години за да го јаде токму тоа“, додава тој. Научниците продолжуваат да го проучуваат ензимот за да се утврди како еволуирал PETase.

Створен е 3Д домел на ензимот со користење рендген зраци, а кога научниците ја разбораат неговата структура, тие забележале и дека може да ги подробрат неговите перформанси. Тоа е показател дека ензимот се уште не е оптимизиран и дека постои потенцијал да се менува.

Ензимот PETase е тестиран и на пластиката PEF, предложена алтернатва за PET базирана на билка, која слично споро се деградира во природата.

„Апсолутно сме вчудовидени затоа што експериментот покажа дека ензимот работи подобро на PEF отколку на PET”, заклучува Мекгихан за BBC.

Слични содржини