Научниците се блиску до лек за алергија на кикиритки

од desk2

Австралиските истражуваќи можеби конечно пронашле лек за алергија на кикиритки кај децата. Во мало, но долготрајно истражување на институтот Murdoch Childrens, од алергија се излечени две третини од децата, а десензибилизацијата траела четири години.


На експериментален имунотераписки третман биле подложени 48 деца. Секој ден во тек на 18 месеци тие добивале пробиотски третман наречен lactobacillus rhamnosus, со протеини од кикиритки или плацебо терапија. Резултатите покажале дека 80 отсто од учениците кои конзумирале протеин на кикиритки можеле да јадат вакви грицки без реакции. По четири години 70 отсто од учесниците и понатаму можеле да јадат кикиритки.

„Овие деца не можеа да јадат кикиритки, а не мораа да применуваат каква и да е програма на внес на кикиритки откако заврши лечењето“, вели авторката на истражувањето Мими Танг.

Околу еден отсто од светската популација има алергија на кикиритки. Тоа е една од најсериозните алергии која доведува до анафилакса, алергиска реакција што го загрозува животот. Алергијата на кикиритки е најчеста причина за смрт предизвикана од храна во западниот свет.

Слични содржини