Научниците со неверојатно откритие: Природно лек во борба против ракот на јајниците

од Vladimir Zorba

1477295348-matka-iaichnici

Тим од Универзитетот во Кумамото откри во кромид природно соединение со антиканцерогени својства, соопштија руски медиуми. Соединението помага против епителниот рак на јајниците, кој е и најчест.
Тоа го запира размножување на клетките на ракот, а здравите остануваат недопрени. Повеќето болни од овој вид рак добиваат релапс по првичната хемотерапија.

Затоа е потребно поефикасно решение. Јапонските научници се надеваат дека соединението од кромид ќе може да го зајакне ефектот на антиканцерогени лекови. Во експериментите со глодари животни живееле подолго, а зголемувањето на туморите било прекинато.

Слични содржини