Претходниот состав на Државната изборна комисија донесе политички диригирана одлука. ВМРО ДПМНЕ и ДУИ,свесно,надвор од сите законски надлежности, донесоа одлука со која овозможија неконтролирано задолжување во пресрет на претстојните парламентарни избори. Толку за нивниот искрен мотив за фер и регуларен изборен процес.

kire-naumov

На 22.12.2015 година поднесов Тужба до управниот суд на РМ, против одлуката на Државната изборна комисија и истовремено ја известив целокупната јавност.

Министерот Ставрески свесен дека одлуката на ДИК е оспорена , сепак од тогаш до денес, закажа и одржа 4 аукции на државни хартии од вредност.

Со овие 4 аукции министерот Ставрески, повторно потенцирам, свесен дека одлуката на ДИК може да биде поништена, запиша повеќе од 78 милиони евра, иако за враќање доспеваа долгови во вкупен износ од 32 милиони евра.

Заев до Зоралек: Во идеални услови Избирачкиот список може да се прочисти меѓу 85 и 90 дена

Ставрески знаејќи дека постапката за задолжувањата на домашниот пазар на капитал не е конечна, го зголеми нето долгот за скоро 46 милиони евра.

Иако во целиот изминат период апелирав на крајна воздржаност до клиентите на домашниот пазар на капитал, оваа одлука потврдува дека министерот Ставрески свесно ги доведе во ризик за преиспитување на овие пласмани од аспект на нивно третирање како законски јавен долг.

За самоволието да не застане тука, министерот Ставрески денес, по веќе донесена и доставена одлука на Управниот Суд на РМ, повторно објави проспекти за аукција на 16.02.2016 година.

Во овој момент новиот состав на Државната изборна комисија е на потег.

Кабинет на дополнителен заменик министер за финансии

Слични содржини