Наумовски: Изборот на Талат Џафери беше легитимен и легален

од Vladimir Zorba

Првиот народен правобранител и поранешен претседател на Уставниот суд ,Бранко Наумовски, во своја писмена изјава до медиумите тврди дека изборот на Талат Џафери е легитимен и легален.
„Господа од ДПМНЕ, сум сигурен дека, вие многу добро знаете и сте свесни дека со поставувањето на Трајко Вељаноски за претседавач на конститутивната седница, грубо го прекршивте уставот на РМ. Имено, уставот е многу јасен и дециден, претседателот на собранието од претходниот состав само формално го свикува собранието, а со собранието според уставот и деловникот претседава најстариот пратеник.
Без оглед на сето ова, иако нелегитимно и нелегално поставен за претседавач, Трајко Вељаноски, продолжи да го крши уставот, законот и деловникот на собранието, со тоа што им дозволи на пратениците за се да дискутираат и дебатираат освен за точката на дневниот ред. Тој молчеше, наместо да им го одземе зборот на сите дискутанти кои дискутираа надвор од точката на дневен ред. Наместо свечена седница вие направивте циркус од собранието и направивте револт кај граѓаните и кај оние кои вас ве подржуваат и кај останатите граѓани.
Оттаму, господа од ДПМНЕ, ви укажувам дека, конечно со избор на претседател на собранието на РМ, постапката за конституирање на собранието е ставена во правен колосек.“, напиша Наумовски.

Слични содржини