Навивачите на Интер најавија „пекол“ на вечерашниот натпревар против Торино

од desk3

Навивачите на италијанскиот фудбалски клуб Интер најавија големи протести за време на средбата против Торино закажана за вечер на домашен терен во рамките на 10.коло од Серија А.

bayern-muenchen-v-inter-milan-uefa-champions-ykklftyk0aul

Атмосферата во Интер е сериозно нарушена поради слабите резултати на тимот, а дополнително влошена по инцидентот меѓу навивачите и капитенот Мауро Икарди. Фановите побараа од раководството да му биде одземена капитенската лента, то абеше и најавено дека ќе се случи, но по разговорите со лидерите на Интер, беше одлучено Аргентинецот да остане капитен. Овој потег ги разочара навивачите ко најавија протести за вечерва.

– Можеби не сте не разбрале првиот пат или се правите луди. Вечерва ве очекува „пекол“ на „Меаца“, порачаа навивачите на Интер.

Група од 50-ина навивачи неодамна го нападнаа Икарди и му го оштетија автомобилот при што неговото обезбедување мораше да покаже и пиштол за да ги смири. Тие влегоа во војна со Икарди, по излегувањето на неговата биографија, во која тој вели дека ќе се соочи со нив.

– Колкумина се? 50, 100, 200? Во ред, слушајте ме внимателно, ќе им донесам 100 криминалци од Аргентина и сите ќе ги убијам, пишува во делот од биографијата на Икарди./МИА

Слични содржини