Народно движење за Македонија ја реафирмира својата заложба дека недозволиво е Република Македонија во очите на демократските држави да се претставува како незрела демократија, која не може да обезбеди излезни решенија со меѓусебен македонски договор.

НДМ

Оттука, во услови кога ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преферираат актуелната криза да ја решаваат под меѓународно туторство, НДМ во пресрет на утрешните преговори на Груевски и Заев со европски претставници во Стразбур, сака да предупреди на следното:

Извесно е дека и во актуелната криза на утрешната средба ќе се примени познатата тактика на затворање на Груевски и Заев во странски воени бази и бункери и нивна целосна изолација се до постигнување решение за кризата која ќе биде на антимакедонски основи.

Досегашната практика покажува дека таквите изолирања доведуваат до неочекувани пресврти, како на пример собирот на еден воен брод на почетокот на деведесетите години кога со акт на една личност се растури една светска сила, па случајот со т.н. дејтонска спогодба потпишана во воен бункер кога тогашните преговарачи излегоа со чудни гримаси.

Значи, НДМ сака сериозно да предупреди дека доколку и во случајов дојде до собир во странски воени бази и бункери каде се нарушува и личната безбедност со разноразни психолошко-хемиско-биолошки и слични методи, Груевски и Заев пред поаѓањето јавно да кажат дека во таков случај нема да склучуваат обврзувачки изјави и дека релевантно место за тоа останува само Република Македонија, и во оваа насока дали сега треба да зборуваме дека е целисходно Груевски и Заев да си понесат со себе храна, вода и слично.

 

Интегрален текст

Слични содржини