Објавителот на информацијата има морална одговорност да ја информира пошироката јавност со чија наредба е прислушуван Руфи Османи имајќи го предвид фактот дека излегувањето на НДП на политичката сцена беше реална закана за ДУИ и за ДПА. Очекуваме дека објавувачот на овие информации ќе има објективен пристап да не ги амнестира во ниту еден случај виновниците на овие криминални дела што се дел на ДУИ и ДПА, како два сателита на ВМРО-ДПМНЕ од 2002 до ден-денеска, бидејќи декриминализација на политичката сцена треба да биде целосна и без исклучоци, пишува во соопштението на НДП.

rdk

Од партијата инсистираат штом Пандорината кутија се отворила, да нема враќање назад.

„Дојдено е време да се исчисти целата историја на сите јавни личности за сите овие 24 години на плурализмот во државата. Само со објавувањето на целата вистина ќе може еднаш засекогаш да се исчисти минатото на секој што бил на власт со конкретна одговорност, и да се отвори процесот на зајакнување на демократијата, слободата и цивилното право и да се врати довербата во институциите на државата. Очекуваме сите тие што ги имаат прекршено законите и уставот, да продолжат да ги објават јавно големите скандали на институционалната корупција поврзани со тендери од стотина милиони евра, да ги објават јавно информациите за Бродец, Смилковци, ликвидацијата на Харун Алиу и многу други криминални дела, финализирајќи го со масовно крадење на изборите што коалицијата ВМРО-ДУИ ја има егзекутирано во многу изборни циклуси. НДП не е зачудена од фактот дека и поранешниот лидер НДП, Руфи Османи, е прислушуван од актуелната власт, бидејќи Руфи Османи е прислушуван од 1981 до ден денеска, и неговото прислушување и на фамилијата не е завршено дури ни во времето кога беше во затворот во Идризово во годините 1997-1999“, пишува НДП.

rufi-osmani1

Според НДП, прислушувањето на 20.000 граѓани е невидено лудило во светската историја. Имајќи предвид дека немаат сите граѓани мобилни телефони, и дека еден добар дел од граѓаните се малолетници, и дека над 500.000 граѓани се надвор од државата, тогаш на виделина излегува еден фрапантен процент од над 10% од целокупната популација на државата која е прислушувана, што подразбира едно лудило од свој вид што само оваа власт може да го направи, додава НДП.

Слични содржини