Не е баш дека првата дама не внимава на протоколот

од desk2

 

Првата дама на Америка Меланија трамп често е на мета на критиката дека има непримерни модни комбинации на одредени настани и дека не внимава на протоколот.

 


Сепак на последното појавување таа го докажа спротивното. За средбата со ирскиот премиер Лео Варадкар, кого таа и Доналд трамп го угостија за време на Денот на свети Патрик, Меланија со својот фустан оддаде чест на празникот.

Убавата Словенка носеше зелен фустан боја што ја симболизира Ирска и самиот празник.

Овојпат нејзин избор беше свилен фустан во смарагдно зелена боја со леопард принтови која ја потпиша њујоршкиот дизајнер Брендон Максвел.

Ефектиниот фустан Меланија го искомбинира со змиски штикли.

Нејзината насмевка ја допотполни сликата на добра домаќинка.

Слични содржини