СЈО: Не е отворена истрага против медиуми,ниту правиме притисоци

од Vladimir Zorba
Вчера СЈО отвор четири нови случаи за финсиски криминал и тоа „Табла “, „ Триста“, „Тотал“ и  „Тифани“.  Кривичните дела се злоупотреба на службена положба, а последните два се затајување на данок.  Сопственици на фирмите  според ЦРМ, кои се обвинуваат  за  затајување на данок  се уреднокот Драган Павлоивиќ Латас и мајка на новинарката Ивона Талевска.   Павловиќ Латас за медиумите изјави дека тој не се преознавал во наводите на СЈО.
Но она што беше несекојдневно и режирано на пресот на СЈО е дека пред почетокот на прес конференцијата – новинарските екипи токму на Сител,  и Вечер каде  обвинетите се уредници, а потоа и ТВ Нова, ЕДО, и порталот Курир ја напуштија прес конференцијата, со образложение дека СЈО вршело притисок врз медиумите, уште пред да биде кажана темата и обвинувањата.
 Обвинителката Ристовска  на пресот на новинарско прашање дали се врши притсок и дали има медиуми кои се под истрага одговори:
„Не е отворена истрага против ниту еден медиум за да се збори дека ние правиме директни притисоци врз медиумите. До колку одредни лица коишто се сопственици или на друг начин поврзани со одреден медиум, сториле кривични дела кои сами за себе се кривични дела,  и не се поврзани воопшто со работењето на медиумите,  се разбира дека во интерес на сите е да се утврди дали навистина тие кривични дела се сторени да се спроведе истрага и наодите да покажат дали ќе има кривична одговорност.“ одговори  Ленче Ристовска.

Слични содржини