Не гладувај – не може да го излажеш организмот!

од Vladimir Zorba

 

Секој ден треба со консумирање на храната да внесуваме во организмот незаменливи компоненти. И ако човек се храни разновидно во текот на неделата, нема да чувствувате недостиг на потребните материи.

Гладувањето од само еден ден нема никаков успех, може да предизвика само стрес за организмот. Следниот ден организмот поинтензивно ќе ја апсорбира храната и затоа нема никаква корист – нема како да го излажете организмот.

Значи, нутриционистите го поддржуваат нормалниот режим на исхрана. Само еден ден во неделата може да ги намалите порциите, особено пред викендите или ако Ви претстои празнична вечера. Ако каснете нешто дома пред да одите на гости, ќе избегнете да се прејадете вечерта.

Слични содржини