„Не ме интересира криминал, освен ако не е поврзан со Поткуп“- судијката Груевска на судењето на Заев

од Vladimir Zorba

Нови лица на правдата во судницата за случајот Поткуп, во судскиот совет покрај водечката судијка Дијана Груевска- Илиевска денеска седна нова судијка, наместо претходниот кој според нашите информации бил на боледување. Повторно не беше дозволено снимање и покрај дозволите од Врховниот суд, информира Телма.

Засилување пак доби и обвинителот Владимир Милошевски, откако претходно одбраната на Зоран Заев го извести судот дека Милошевски нема мандат за обвинител за гонење организиран криминал и корупција и со тоа нема легитимитет. Мандатот му истекол на 30-ти ноември лани, но тој и натаму го води Поткуп.

Тогаш судијката Груевска даде десет минути пауза, а се врати во судницата дури еден час подоцна- и на местото за обвинител седна Златко Биковски. Биковски е првиот обвинител за случајот Пуч, а сега го води Обвинителството за организиран криминал и корупција како вршител на должност по заминувањето на Јово Илиевски во Стразбур.

Тој тврдеше дека веднаш може да учествува во судењето, но одбраната и самиот Заев побараа негово изземање затоа што сметаат дека тој, Биковски е дел од злосторничкото здружение кое со злоупотреба на јавното обвинителство политички го гони лидерот на СДСМ.
Адвокатите побара еден до три дена за да подготват писмени докази за криминалот за кој има сомнежи дека го сторил Биковски како обвинител.

Но судијката Груевска првин сакаше да даде два дена рок, а потоа кога еден адвокат се пожали дека има зафатен ден во среда, судијката остро пресече дека за два часа државното обвинителство ќе одлучи за изземањето иако и обвинителот Биковски сметаше дека така не треба да оди процедурата.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини