Повеќето луѓе кои умираат од заболување на црниот дроб НЕ СЕ алкохоличари, туку едноставно консумираат алкохол речиси секој ден, тврдат експертите. Според нив човечкото тело има потреба од барем 3 последователни дена одмор (од алкохолните пијалоци) секоја недела, за да може да се опорави.678a0fa2d4dec6d5a14416f7780bf10d (1)

Црнодробните заболувања се една од водечките причини за смрт кај мажите, а во текот на последната деценија смртните случаи поврзани со потрошувачката на алкохол, се зголемија за 25%.

Лекарите предупредуваат дека наместо да пијат една чаша вино или пиво после работа, повеќето мажи пијат две-три пива или неколку чаши вино. На овој начин тие никогаш не му даваат одмор на црниот дроб и така го изложуваат овој свој орган на зголемен ризик од болести. Овие луѓе не се алкохоличари, но сакаат да си посветат вечер на пиење, сметајќи дека ова не крие ризици за нивното здравје.

Ендрју Лангфорд, извршен директор на организацијата “British Liver Trust”, кој е и иницијатор на истражувањето, вели: “Болестите на црниот дроб во моментов се петти најголем убиец во Велика Британија. Ако не направиме нешто околу тоа, до 2025 година ќе се претвори во епидемија. Поголемиот дел од луѓето кои умираат од овие болести не се алкохоличари, но пијат секој ден по навика. ”

Црнодробните заболувања често се развиваат бавно, но резултатот секогаш е многу лош.Освен функцијата да ги филтрира токсините од алкохол и дрога, овој орган е од витално значење за хормоналниот баланс, згрутчувањето на крвта, како и за заштита на одредени делови од телото од инфекции.

Покрај алкохолот, другите виновници за хепатални заболувања се дебелината, вирусен хепатит и злоупотребата со стероиди.

Слични содржини