Агенцијата на ОН за бегалци проценува дека 3,68 милиони сириски бегалци има во Либан, Јордан и Турција.

“Ја повикувам Европа уште еднаш да одвои 1,5 милијарди евра, исто така, бара САД и земјите од Персискиот Залив да придонесат со слични суми”, изјави германскиот заменик-канцелар Зигмар Габриел во телевизиското обраќање до парламентот.

Зигмар-Габриел-520x260

Според него, САД и арапските држави од Персискиот залив треба да придонесат со по 1,7 милијарди долари поддршка на земјите на Блискиот Исток, кои прифатиле најголем број мигранти.

Вице Премиерот и претседател на Социјалдемократската партија рече дека е императив да се обезбеди најдобра перспектива за луѓето кои живеат надвор од татковината. Во спротивно, ќе треба да се справиме со изгубена генерација, што може да доведе не само до раст на бегалците, но и нова “Исламска држава” или други терористички групи, истакна тој.

Зигмар Габриел го повтори повикот за проширување на улогата на САД и земјите од Персискиот залив како одговор на регионалната криза.

мигранти

САД ги објавија плановите да го зголемат бројот на сириските бегалци кои ќе ги прифатат следната година, до 10 000 луѓе.

Во последните недели има апели богатите земји од Персискиот залив да ги отворат своите граници за бегалците од Сирија и други земји од Блискиот Исток.

Ниту една од шесте земји – Саудиска Арабија, Оман, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Бахреин и Катар не е потписник на Конвенцијата на ОН за бегалци. Таа ги уредува правата на луѓето кои добиле азил и одговорностите на земјите кои обезбедуваат засолниште.

Слични содржини