Не смееме да ја демонизираме Русија, премногу работи се во игра

од desk2

 

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер предупреди дека не треба да се демонизира Русија и укажа на галопирачкото оттуѓување на Москва и Западот.

“Независно од Путин – не смееме Русија во целина, земјата и нејзините луѓе да ги прогласиме за непријател. Нашата историја говори против тоа, а премногу работи се во игра“, вели Штајнмаер за „Билд ам зонтаг“.

Ги повика германските политичари да не се откажуваат од дипломатските напори.

Штајнмаер изрази загриженост дека прексиноќешните напади на западните сили на Сирија прв пат го зголемија ризикот од директна конфронтација на силите на Русија и САД во оваа земја.

„ние сме во фаза на ескалација на руско-американските односи“, вели Штајнмаер.

Според него, нападот со нервен гас на двојниот шпион Сергеј Скрипал е загрижувачки.

“Но, исто така мора да не загрижи и галопирачкото оттуѓување на Русија и Западот, со последици кои ќе го надминат овој слуачај. Практично веќе не постои основа за доверба“, рече Штајнмаер.

Слични содржини