Референдумот во Валандово против отворање рудници и стопирање на изградбата на комплексот „Казандол“ не успеа. Имено недостасувале уште околу 300 гласа. На 24-те  гласачките места не излеглеа потребните 5072 граѓани за да биде исполнет законскиот цензус.

Од  иницијативата тврдат  дека  имало констатирано низа притисоци и уцени кон граѓаните да не излегуваат на референдумско изјаснување. Сите забелешки биле евидентирани и ќе бидат процесуирани до надлежните органи за постапување.

Општинската изборна комисија со официјални информации ќе излезе  околу полноќ.  Граѓанската иницијатива “Спас за Валандово” вели дека се уште се чекаат резултатите од сите 24 избирачки места каде право на глас имале 10.141 граѓанин.