Што ветуваат ѕвездите за следните седум дена

 


Овен
Нема да Ви биде досадно во наредните денови. Ќе имате контакти со нови луѓе и може да ја промените проценката за некои факти и настани. Односите со колегите и бизнис-партнерите ќе се мирни, но дома ситуацијата може да Ви биде често напната. Не надевајте се на дополнителни приходи. Не е пожелно да одите на долг пат, ако можете одложете го.
Бик
Поставувајте си цели. Не дисперзирајте ги силите. Воздржи се од долгорочни инвестиции. Споделувајте ги желбите и чувствата за да останете во хармонија со личните односи.
Близнаци
Не обидувајте се да учествувате секаде и во сè. Ориентирајте го вниманието во целост во избраната насока без да го наметнувате своето мислење. Енергијата ви е стабилна, во состојба сте успешно да ги комбинирате професионалните со личните обврски. Воздржете се од непотребни трошоци поврзани со предмети за домаќинството.
Рак
Не очекувајте премногу големи успеси во наредните денови. Дел од своите намери ќе треба да го одложите од објективни причини. Не се исклучени проблеми од финансиски карактер. Реакциите на блиски примајте ги без непотребни емоции.
Лав
Ако не се одвиваат работите по прелиминарните очекувања, тогаш можеби е добро да ја промените тактиката. Избегнувајте премногу исцрпувачки оптоварувања, особено во деновите со високи температури. Финансиската состојба е стабилна.
Девица
Ќе ви се натрупаат доста обврски, но нема причина за тревога, ќе имате сили за сè да завршите. Не е исклучено да стартувате идеја за која размислувате веќе подолго време. Непријатните емоции коишто Ве очекуваат во оваа недела ќе се поврзани со роднини, а пријатните со љубовните односи. Потрудете се да ги исполнувате дадените ветувања.
Вага
На моменти може да Ви се чини дека сте во ќорокак.Не се вознемирувајте излишно, побарајте нестандардно решение. Размислете темелно за позициите,ако се занимавате со решавање на правни прашања. Не дискутијате за детали со деловните партнери, може да Ве измамат. Личните односи ќе се малку нестабилни, за сметка на финансиските кои ќе се без промена.
Шкорпија
Загриженоста ќе биде поврзана претежно со личните односи. Неминовно ќе се одрази негативно на Вашата душевна рамнотежа, што може да ги влоши резултатите од работата. Помогнете си,Вие направете го првиот чекор и постигнете согласност. За личните проблеми раководете се од интуицијата, а за професионалните – на логиката. Не надевајте се на дополнителни приходи.
Стрелец
Едвај ќе ги реализирате сите замисли. Не гио носете професионалните проблеми дома, напротив, потрудете се да ги заборавите, макар и за кратко. Приходите и расходите ќе се урамнотежени.
Јарец
Ќе бидете толку ангажирани што нема да го почувствувате минувањето на деновите. Само што се справите со едно и ќе се појави друго, уште повеќе итно. Немојте да се изненадите ако осетите замор и слабост. Воздржи се од неосновани трошоци.
Водолија
Барајте мислење од луѓе во кои имате безусловна доверба, бидејќи сопствените зборови може да се свртат против вас. Бидете подготвени на компромис при решавање на личните односи. Воздржи се од финансиски трансакции.
Риби
Проверувајте ги подетално информациите што морате да ги користите во секојдневната работа. Анализирајте ги личните недоразбирања и размислете за начин преку кој безболно ќе можете да ги надминете. За решавање на финансиските проблеми може да побарате помош од стар пријател.

Слични содржини