Неделно кафе на Никола Тодоров и Муса Џафери во скопскиот парк

од desk2

Во ресторанот Балканика рустикана во скопскиот парк попладнево заедничко кафе пијат министерот за здравство во техничката влада и пратеник, Никола Тодоров и екс вицепремиерот и висок функционер во ДУИ, Муса Џафери.

pjimage

Кафето го пијат сами а на соседната маса е сопругата на Тодоров. Обезбедувањето на Џафери не дозволил на очевидецот кој ни јави за средбата да ги фотографира.

Тодоров за да покаже блискост со Џафери го гушкал пред гостите во ресторанот.

 Инаку, Муса Џафери важи за предводник во таканареченото вмровско крило во ДУИ кое силно лобираше кај сопартијците, партијата на Ахмети да ја продолжи коалицијата и во нова влада со Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Џафери и приврзаниците сепак беа надгласани и ДУИ му ги даде 10-те потписи на нејзините пратеници за коалиција со СДСМ за влада на која премиер би бил Зоран Заев.

Во 8-те години заедничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во медиумите се објавуваше дека тогашниот вицепремиер Муса Џафери има исклучително блиски врски со екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, а тоа можеше да се слушне и од објавените „бомби“.

Слични содржини