Државната изборна комисија разбрала од медиумите за ветото кое го најави дополнителниот заменик министер во финансии Кире Наумов. Претседателот на ДИК Рилкоски вели дека досега не стигнале материјали за новото задолжување на домашниот пазар во вредност од 100 милиони евра кое го најавија од финансии. Со законските измени и договорот од Пржино ДИК сега има надлежност да утврди дали парите кои ќе се земат од домашните банки ќе се користат за изборни цели.

парии

Субхи Јакупи кој е потпретседател на ДИК не се сомнева во капацитетот на овој состав и неговата подготвеност да разгледува комплексни прашања од областа на финансиите. Доколку за ова несогласување помеѓу Ставрески и Наумов треба да се одлучи во постоечкиот состав исклучи партиски притисоци и нарачано политичко одлучување.

Реагираше министерството за финасии. Соопштија дека ветото на издавање државни записи е вето за исплата на пензии, плати и социјала.

„Ветото на опозициската СДСМ на издавањето државни хартии од вредност значи дека пензиите нема да се исплатат на почетокот на месецот како што секогаш се исплаќаат овие девет години, нема да се исплатат платите за полицијата, војската, здравствените и образовните работници, социјалната помош, ќе се запре изградбата на патишта, водоводи, капитални проекти, ќе се запре исплатата на субвенции“, соопштија од финасии.

СДСМ пак смета дека целосно неточно е дека со законското право на вето за најавеното ново задолжување на граѓаните од 100 милиони евра на домашниот пазар се загрозува исплатата на плати, пензии и социјални трансфери.

„Секое дополнително задолжување претставува обид за финансирање различни форми на изборна измама и корупција“, соопштуваат ос СДСМ.

За само една недела министерот Ставрески и дополнителниот заменик Наумов имаат второ несогласување околу парите со кои треба да се задолжи земјава, објави 24 Вести .

Слични содржини